Важна победа за Валенсија

Важна победа за Валенсија

пред 3 месеци

Валенсија ја прекина серијата од три натпревари без победа во Ла Лига, со триумфот над Елче од 1:0. Со оваа победа Валенсија се проби на 13 место со 23 бода, додека Елче се претпоследни на табелата с0 17 бода.

Голот со кој Валенсија ги обезбеди трите бода го постигна Даниел Вас во 22.минута. Десет минути подоцна Карлос Солер не успеа да реализира пенал, поточно неговиот удар го одбрани Бадија. За голманот на Елче ова е втор одбранет пенал оваа сезона.

Солер можеше да се извади за промашениот пенал во второто полувреме, меѓутоа не успеа да погоди во 50. и 62.минута.

Елче двете најдобри шанси ги имаше преку Мохика, кој беше непрецизен во 38. и 61.минута.

Share

WCOStream dubbed anime: My Hero Academia (Dub) Episode 13

AniWatch anime stream: JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub) Episode 39

Scroll to Top