Ван Бастен: Вернер е катастрофален и игра, а Зијеш не добива шанса!

Ван Бастен: Вернер е катастрофален и игра, а Зијеш не добива шанса!

пред 5 месеци

Холандските фудбалски легенди Марко ван Бастен и Дирк Кујт сметаат дека Хаким Зијеш мора да си замине од Челси, бидејќи менаџерот Томас Тухел не знае да го искористи неговиот талент.

Откако го постигна победничкиот гол против Манчестер сити во полуфиналето на ФА купот на „Вембли“, Мароканецот се најде на клупата на саботниот меч против Вест хем, одигрувајќи ги само последните 15 минути. Ван Бастен вели дека ситуацијата е очајна за поранешниот плејмејкер на Ајакс.

„Зијеш пак на клупата. Кога ќе влезе, го ставаат да игра како напаѓач, и иронично тој може да го игра и тоа бидејќи е добар фудбалер. Тој едноставно не е на вистинското место. Тој Тимо Вернер игра лошо, но влегува повеќе во игра. Не се работи за Зијеш, бидејќи не го познавам момчето, но ситуацијата е лоша“, вели Ван Бастен.

И поранешниот фудбалер на Ливерпул, Кујт се согласува со Ван Бастен.

„Постигна гол против Манчестер сити и ќе си помислиш, сега ќе играм. Следниот меч, пак на клупата. Тимо Вернер може да прави што сака и игра постојано“, вели Кујт.

Share

Animepahe Watch anime online, English anime online HD

https://4anime.biz haikyuu season 4 4anime

Website https://animekisa.in: Watch Mob Psycho Mini animekisa Episode 6 animekisa

Watch anime online for free at GoGoAnime boku no hero academia season 4 gogoanime

Tetongravity: https://www.tetongravity.com/community/profile/KissAnimemx/

Free-ebooks: https://www.free-ebooks.net/profile/1323268/gogoanimebe

Scroll to Top