Ван Нистелрој: Бев разочаран од доаѓањето на Аморим

Ван Нистелрој: Бев разочаран од доаѓањето на Аморим

пред 1 ден

Новиот менаџер на Лестер, Руд ван Нистелрој откри како се чувствувал по заминувањето од Манчестер јунајтед по солидната кариера како менаџер на клубот од „Олд Трафорд“.

„Многу се разочарав, ме погоди тоа што морав да заминам“, откри 48-годишниот Холанѓанец.

По отказот што му беше врачен на Ерик Тен Хаг, Ван Нистелрој го предводеше тимот на четири натпревари, забележа три победи и едно реми. Потоа клубот го презеде Рубен Аморим, кој од Спортинг во Јунајтед ги донесе и своите помошници.

„Единствената работа како асистент што некогаш би ја имал би била во Јунајтед поради мојот однос со луѓето во клубот и навивачите. Сепак, на крајот заминав со мирна душа бидејќи го разбирам и новиот менаџер“, додаде тој.

Ван Нистелрој откри дека разговарал со новиот менаџер.

„Разговорот беше повеќе од коректен. Разговорот со Аморим ми помогна и помотивиран отидов на пазарот на труд“, нагласи новиот менаџер на Лестер.

Share
Scroll to Top