Еј Џеј Дибанса беше избран како прв избор на овогодинешниот НБА драфт од страна на Вашингтон Визардс.
Тимот од главниот град на САД се одлучи за 19-годишно момче, кое помина само една година на „BUY“ колеџот.
„Многу ми значи да бидам прв избор. Изборот број еден ме следеше низ целата средношколска кариера и сакав да бидам во исто друштво со Леброн Џејмс, Ален Ајверсон и Купер Флег.“
Ова е трет пат во историјата Визардс да го добијат првиот избор. Претходните двајца беа Џон Вол (2010) и Кваме Браун (2001).
Дибанса бележеше 25,5 поени, 6,8 скока и 3,7 асистенции во својата единствена колеџ сезона.
Како втор избор, Дарин Петерсон од Канзас заврши во Јута, додека Камерон Бузер беше избран од третата позиција од страна на Мемфис Гризлис. Немаше изненадувања ниту на четвртата позиција, каде што Чикаго го избра Кејлеб Вилсон.
Кој кого избра во првата рунда од драфтот:
Еј Џеј Дибанса (Вашингтон)
Дерин Петерсон (Јута)
Кем Бузер (Мемфис)
Кејлеб Вилсон (Чикаго)
Китон Ваглер (ЛА Клиперс)
Микел Браун Џуниор (Бруклин)
Дариус Ејкаф Џуниор (Сакраменто)
Кингстон Флемингс (Атланта)
Морез Џонсон Џуниор (Далас)
Брејден Бурис (Милвоки)
Џаксел Ландеборг (Голден Стејт)
Адаи Мара (Оклахома)
Нејт Амент (Милвоки, избор на Мајами)
Ханес Штајнбах (Шарлот)
Дејлин Свејн (Чикаго)
Бенет Стирц (Оклахома, размена со Мемфис)
Ебука Окори (Детроит, размена со Мемфис)
Кристијан Андерсон (Шарлот)
Ален Грејвс (Торонто)
Џејден Квентин (Сан Антонио)
Карим Лопез (Мемфис, размена со Детроит)
Лаберон Фијон Џуниор (Филаделфија)
Зуби Еџиофор (Атланта)
Камерон Кар (ЛА Лејкерс, размена со Њујорк)
Серхио де Лареа (Далас, размена со Њујорк)
Терис Рид Џуниор (Сан Антонио, размена со Денвер)
Крис Сенак Џуниор (Бостон)
Џошуа Џеферсон (Бруклин, размена со Минесота)
Алекс Карабан (Сакраменто, размена со Кливленд)
Коа Пит (Финикс, размена со Њујорк).
Foto/ EPA






