Агуеро се договорил со Барселона

Вајналдум се договорил со Барселона

пред 3 години

Џорџињо Вајнладум од наредната сезона ќе игра во Барселона, тврди познатиот новинар Фабрицио Романо. Според него, Вајналдум на „Ноу Камп“ ќе дојде како слободен играч и ќе потпише договор до јуни 2024 година.

Вајналдум ќе биде третото засилување за Барса, по Сехио Агуеро и Ерик Гарсија, а се очекува наскоро да го договорат и Мефис Депај. Барселона сите ќе ги добие бесплатно бидејќи им истекоа договороти со претходните клубови.

30-годишниот Вајналдум, во неделата, со капитенската лента околу раката, против Кристал Палас, го одигра последниот меч за Ливерпул.

„Сакав да останам во Ливерпул, но не успеавме да се договориме. Тешко мие, се борам да не заплачам. Неверојатна е љубовта кој ми ја дадоа навивачите во овие пет години“, рекол Вајналдум на разделбата со Ливерпул.

Оваа сезона, Холанѓанецот, одигра 51 натпревар за Ливерпул.

Share
Scroll to Top