Венгер предлага СП на секои две години

Венгер предлага СП на секои две години

пред 4 години

Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, изјавил дека ФИФА треба да на секои две години треба да се одржуваат светските првенства. Венгер му е советник на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, за глобален фудбалски развој.

Тренерот кој две децении го предводеше Арсенал и под чија палка клубот ги постигна најголемите успеси, смета дека сегашниот систем на одржување на светските првенства не е праведен кон играчите.

„Ако ги погледнете екипите на СП; тие имаат просечна старост од 27 или 28 години. Бидејќи СП се одржуваат на четири години имате мали шанси повторно да го освоите или да добиете уште една шанса да се борите за пехарот. Поради тоа СП треба да се организираат на секои две години.

Венгер уште еднаш го потврдил и ставот дека Лигата на нации на УЕФА е непотребно натпреварување и дека ФИФА и УЕФА треба да се фокусираат само на светските и европските првенства.

„Се друго треба да биде исфрлено. Треба да се организираат само важните натпреварувања, останатите паралелни натпреварувања не треба да се играат“, заклучил трофејниот тренер.

Share
Scroll to Top