Вербална војна на Мурињо и Солскјер за Сон и „вечерата“

Вербална војна на Мурињо и Солскјер за Сон и „вечерата“

пред 4 години

Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер, имале вербална пресметка, по завршувањето на натпреварот помеѓу Тотенхем и Манчестер јунајтед (1:3). Менаџерите влегле во расправија поради поништениот гол на Единсон Кавани, во периодот кога Тотенхем имаа предност.

Голот на Кавани го поништи ВАР, судијата процени дека на голот му претходел прекршок на Мектоминеј врз Сон.

„Чист гол. Не требаше да бидеме измамени. Морам да го кажам ова, доколку мојот син остане три минути да се тркала по теренот и потоа 20 колеги да треба да му помогнат да стане, нема да добие вечера. Не бевме измамени ние, туку судијата“, рекол Солскјер.

„Да, му кажав на Оле за што се работи…Но да не му дадеш вечера на некого? Во врска со ова можам да кажам дека Сон е среќен човек, бидејќи неговиот татко е подобра личност од Оле. Должноста на таткото е секогаш да ги храни своите деца. Ако морате да им ја крадете вечерата на своите деца, тогаш ја крадете. Ние во Португалија велиме: ‘Лебот е леб, а сирењето сирење’. Разочаран сум од изјавата на Оле, му го кажав тоа“, рекол Мурињо.

Share
Scroll to Top