Артуро Видал, каде и да игра, со себе носи контроверзи. Тоа беше случај и во неделното дерби помеѓу Интер и Јувентус, во кое прво го бакна грбот на Јуве, клубот за кој настапуваше четири сезони, пред потоа во првото полувреме да им забие гол.
Гушкајќи се со својот поранешен капитен, Џорџо Кјелини пред мечот, Видал го бакна логото на „старата дама“, навлекувајќи го бесот на навивачите на „нераѕурите“, пред да се „оправда“ со гол во 12. минута со кој Интер има 1:0 водство на полувреме.
Vidal accidentally kissed the Juventus badge before kick off ? pic.twitter.com/VduftSgVN4
— ESPN FC (@ESPNFC) January 17, 2021
Arturo Vidal kissed Juventus badge ? no.. he scored a goal for Inter against Juventus. pic.twitter.com/OJixDKdtpG
— FOOTBALLFANSSTUFF (@officialffsnews) January 17, 2021