Арсенал, Вулверхемптон и Брајтон забележаа победи во 12.коло во Премиер лигата. Два натпревари одиграни во термиот од 16 часот завршија без победник.
Арсенал, полесно од очекувањата, стави крај на низата од четири натпревари без победа. „Тобџиите“ со 3:0 го победија Нотингем Форест.
Интересен факт е дека ова беше 2000-та победа на Арсенал во елитното ниво на англискиот фудбал. Само Ливерпул има толку победи во првата лига.
Стрелци за тимот од Лондон на „Емирати“ беа Букајо Сака, Томас Парти и резервистот Итан Нванери, момче кое во март ќе наполни 18 години.
Ова не беше прв меч за Арсенал за ова ултраталентирано момче, но беше првиот гол во Премиер лигата кој секако ќе го памети до крајот на животот.
Победата го израмни Арсенал на табелата со Челзи и Брајтон, сите три клуба го делат третото место.
Резултати:
Борнмут – Брајтон 1:2 (0:1)
/Брукс 90+3 – Педро 4, Митома 49/
Арсенал – Нотингем Форест 3:0 (1:0)
/Сака 15, Парти 52, Нванери 86/
Фулам – Вулверхемптон 1:4 (1:1)
/Ивоби 20 – Куња 31, 87, Гомес 53, Гуедес 90+5/
Астон Вила – Кристал Палас 2:2 (1:2)
/Воткинс 36, Баркли 77 – Сар 4, Девани 45+1/
Евертон – Брентфорд 0:0