Алиоски за малку ќе настрадаше од Тирни, го бранеше Гранит Џака

Алиоски за малку ќе настрадаше од Тирни, го бранеше Гранит Џака

пред 3 години

Киеран Тирни сакаше да влезе во физичка пресметка со Езѓан Алиоски по 0:0 ремито на Арсенал со Лидс јунајтед, и само реакцијата на Гранит Џака спречи поголем инцидент на „Еланд роуд“.

Тирни сметаше дека Алиоски претерал со реакцијата откако Никола Пепе го удри македонскиот репрезентативец со глава во второто полувреме, и сакаше тоа лично да му го објасни на противничкиот фудбалер.

Шкотскиот десен бек мораше да биде туркан од поранешниот капитен на „топчиите“, Џака, и потоа однесен од членовите на Арсенал додека другите фудбалери се ракуваа.

Алиоски „изнуди“ црвен за Пепе, но Лидс не ги „скршија“ Арсенал

Share
Scroll to Top