(Видео) Астон Вила спаси „глава“ против Брентфорд, Вест Хем со гол од корнер го победија Вулверхемптон

(Видео) Астон Вила спаси „глава“ против Брентфорд, Вест Хем со гол од корнер го победија Вулверхемптон

пред 9 месеци

Во саботата од 16 часот се одиграа пет натпревари во 31. коло во Премиер лигата. Астон Вила од 2:0, се најде во ситуација да спасува еден бод, Лутон и Вест Хем славеа со пресврт, а минимални победи забележаа Евертон и Њукасл.

Астон Вила и Брентфорд во спектакуларен натпревар ги поделија бодовите (3:3) Вила водеше со 2:0, па на крајот спаси бод во 81.минута.

Првото полувреме им припадна на домашните, кои поведоа преку Оли Воркинс во 39. минута. На 2:0 зголеми Роџерс во 46. минута.

Следуваа 20 одлични минути за гостите. Во 59. минута Занка намали на 2:1, во 61. минута веќе беше 2:2 со голот на Мбуема, а во 68. минута Виса погоди за 2:3.

Воткинс на крајот донесе бод за Вила во 81. минута. Воткин е втор стрелец во Премиер лигата со 18 голови, еден помалку од Халанд.

Вест Хем победија со 2:1 кај Вулверхемптон. Натпреварот го обележа спектакуларниот гол на Вирд-Праус. Играчот на Вест Хем во 85.минута постигна гол директно од корнер.

Претходно, Сарабија ги доведе „Волците“ во водство од пенал, а Вест Хем изедначи преку Пакета во 63. минута.

Евертон забележа значајна победа во борбата за опстанок. „Карамелите“ го победи Барнли со 1:0. единственоот гол го постигна Калверт-Лунин на истекот на првото полувреме. Напаѓачот на Евертон го искорсити подарокот на голманот Муриќ.

Еден гол го реши победникот на натпреварот Фулам-Њукасл. Трите бода на гостите им ги донесе Гимараеш во 81.минута.

Лутон победи против Бурнмаут во последните моменти од натпреварот.

Борнмут поведе преку Таверние во 52. минута, а одговорот на домаќинот дојде преку Кларк во 73. и Морис во 90. минута.

Share
Scroll to Top