(Видео) Ајнтрахт го декласира Баерн – Пукна петарда во мрежата на Ноер

(Видео) Ајнтрахт го декласира Баерн – Пукна петарда во мрежата на Ноер

пред 10 месеци

Foto/ EPA

Фудбалерите на Ајнтрахт славеа сензационална победа во 14.коло од Бундес лигата. Ајнтрахт го декласира најтрофејниот германски клуб, Баерн со 5:1.

Блескаше напаѓачот Дина Ебимбе, буквално ги „возеше“ дефанзивците на Баерн и постигна два гола. Но, ова не беше само негова ноќ. Сите играчи на Ајнтрахт беа во транс, одиграа над своите можности.

Неочекувано, почнаа бурно и по нешто повеќе од половина час игра Ајнтрахт имаше предност од 3:0. Баварците во тие моменти буквално не постоеја на теренот.

Џошуа Кимих ја намали негативата на Баерн до крајот на полувремето, но максимално мотивираните домаќини не се решија да ја бранат предноста во второто полувреме, туку постигнаа уште два гола.

На крајот Баерн го запиша првиот пораз во сезоната.

Од останатите натпревари одиграни во истиот термин, треба да се издвои првата сезонска победа за Унион Берлин, убедлива против Борусија Менхенгладбах, 3:1.

Резултати:

Хајденхајм – Дармштад 3:2 (Шопнер 42, Мајнка 69, 71 – Скарке 52, Малони автогол 60)

Унион Берлин – Борусија Менхенгладбах 3:1 (Фоланд 24 пенал, Холербах 50, Кауфман 75 – Плеа 77)

Вердер Бремен – Аугсбург 2:0 (Штарк 39, Дукш 65)

Волфсбург – Фрајбург 0:1 (Грегорич 74)

Share
Scroll to Top