(Видео) Бока јуниорс не успеа да ги победи аматерите од Окленд

(Видео) Бока јуниорс не успеа да ги победи аматерите од Окленд

пред 18 часа

Фудбалерите на Окленд Сити направија огромен подвиг на Светското клупско првенство. Единствениот аматерски тим на клупскиот Мундијал успеа да ремизира со аргентинскиот великан Бока Јуниорс (1:1). Овој натпревар беше последен за двете екипи на првенството, од Ц групата во осминафиналето се пласираа Бенфика и Баерн.

Многумина ги потценија Новозеланѓаните откако примија 16 гола во два натпревари против Баерн и Бенфика, но против легендарниот аргентински клуб покажаа дека не дојдоа во САД залудно.

Не започнаа добро за нив во Нешвил. Успеаја да ги држат почетните 0:0 до 23-та минута.

Лаутаро ди Лоло шутираше со глава, а голманот Жеру, со несмасна реакција, ја одби топката во сопствената мрежа.

Автоголот на голманот на претставникот на Нов Зеланд беше единствениот гол во првите 45 минути, а веднаш по почетокот на второто полувреме се случи момент за историја на фдбалот во Нов Зеланд.

Кристијан Греј, дефанзивецот на Окленд, најдобро се снајде по корнерот во 52-та минута и го постигна првиот гол за тимот во ова натпреварување, кој им го донесе и првиот бод.

Следеше уште еден прекин поради лошо време, а по враќањето, Бока успеа повторно да ја затресе мрежата преку Мерентиел, голот кој беше поништен поради претходно играње со рака.

Share
Scroll to Top