Фудбалерите на Дортмунд го победија Келн како гости (2:1), во натпреварот од 25-то коло од Бундеслигата.
На „милионерите“ значително им беше олеснета работат по црвениот картон за Симпсон-Пуци во судиското продолжение од првото полувреме.
Избраниците на Нико Ковач, во тој момент имаа водство со голот на Гираси во 16-та минута.
Максимилијан Баер го дуплираше водството на гостите во 60-та минута и со тоа го најавија триумфот.
Камински ја врати надежта во Келн во 88-та минута, но дури шест минути судиско продолжение не им помогнаа на домашните да освојат бод.
Дортмунд останува втор на табелата со 55 бода, додека Келн е 13-ти со 24 бода.
Бундес лига, 25. коло:
Фрајбург – Баер Леверкузен 3:3 (2:2)
(Грифо 34, Сузуки 43, Гунтер 86 – Кофане 37, Грималдо 45+3, Терје 52)
Хајденхајм – Хофенхајм 2:4 (0:2)
(Кербер 63, 84 – Прас 26, 45+1, Аслани 49, Лемперле 78)
Мајнц – Штутгарт 2:2 (1:0)
(Јае-Сунг 39, Да Коста 90+1 – Демировиќ 76, Ундав 77)
Лајпциг – Аугсбург 2:1 (0:1)
(Диоманде 76, Чавез 90+2аг – Фелхауер 39)
Волфсбург – ХСВ 1:2 (1:1)
(Ериксен 22п – Вушковиќ 33 пен., Домпе 58 пен.)
Foto/ EPA






