(Видео) Ботафого го победи Сиетл, голманот Рамос спречи пораз на Порто

(Видео) Ботафого го победи Сиетл, голманот Рамос спречи пораз на Порто

пред 16 часа

Порто и Палмеирас ремизираа без голови во А групата, а Ботафого во Б групата, го победи Сиетл со 2:1, во првото коло на Светското клупско првенство.

Фудбалерите на Порто не успеаја да ја потврдат доминацијата на Европејците на почетокот од Светското клупско првенство.

„Змејовите“ едвај избегнаа пораз против бразилскиот Палмеирас (0:0) во вториот натпревар од Групата А.

Бразилците покажаа заби, доминираа во овој натпревар, но португалскиот голман Клаудио Рамос беше непремостлива пречка.

Гоманот, кој со години му е резерва на Диого Кошта, имаше неколку неверојатни одбрани и му помогна на Порто да освои бод.

По првото коло во А групата, сите четири екипи во групата имаат по еден бод, бидејќи Интер Мајами и египетскиот Ал Ахли ремизираа без голови на отворањето на турнирот.

Вториот бразилски претставник, Ботафого, го отвори првенството со важна победа.

По голема борба, црно-белите го „скршија“ Сиетл со 2:1 во група во која апсолутни фаворити се Пари Сен Жермен и Атлетико Мадрид. Бразилскиот тим стигна до огромни три бода со головите на Жаир Куња и Игор Жезуз во првото полувреме.

На 15 минути пред крајот на натпреварот, Кристијан Ролдан им даде надеж на „Сондерс“ дека можеби ќе успеат да освојат бод, имаа целосна контрола на крајот, но не успеаја да стигнат до израмнување.

Со оваа победа, Ботафого се стави во добра позиција да се бори за место во втората фаза во веројатно директен дуел со Атлетико, по поразот на „јорганџиите“ од ПСЖ.

Share
Scroll to Top