ЕП следната година само во Русија?

ЕП следната година само во Русија?

пред 3 години

Русија може да биде домаќин на Европското првенство следната година, наместо првенството да се оддржува во повеќе земји, тврди францускиот весник „Ле паризиен“.

Евро 2020 беше одложено 12 месеци поради пандемијата на КОВИД-19, и според францускиот весник, УЕФА смета дека е неизводлив планот да се игра во 12 европски нации поради здравствената криза, и поради тоа Русија е најдобар избор.

Русија во првите месеци од пандемијата немаше преголем број на заразени, со 29.000 починати од 1.6 милиони случаи во првите девет месеци, а покрај тоа веќе ја има потребната инфраструктура од Светското првенство во 2018 и нема да бидат потребни дополнителни инвестиции.

Засега, УЕФА и претседателот Александер Чеферин, официјално, велат дека нема промени на планот и дека нема да се избрзува со одлуките, посебно бидејќи до летото има доволно време да се сменат плановите.

Share
Scroll to Top