Ван Бастен: Наполи на Марадона ни ја „украде“ италијанската титула во 1990 година

Ван Бастен: Наполи на Марадона ни ја „украде“ италијанската титула во 1990 година

пред 3 години

Легендата на Милан и на холандскиот фудбал, Марко ван Бастен тврди дека Наполи титулата во 1989/90 во Италија ја освоија „во канцелариите“, посочувајќи дека имало заговор да се помогне тимот на Диего Марадона да ја освои титулата.

Во интервју за шпанскиот весник „Диарио АС“, Ван Бастен објаснува како на Милан му била „украдена“ титулата.

„Направија се што можат да им ја дадат на Наполи. Новите правила таа година дозволуваа шампионите од минатата година и освојувачите на националната титула да учествуваат во Лигата на шампионите. Ние веќе бевме европски шампиони и тие направија се што можеа да не освоиме титула и да пратат уште два италијански тима во Европа“, тврди Ван Бастен.

Ривалството на Неапол со клубовите од северна Италија е огромно и овие коментари дефинитивно ќе предизвикаат многу реакции и контроверзи на „чизмата“. Трикратниот освојувач на „Златната топка“ помина осум години во Милан и постигна 125 гола освојувајќи четири титули од Серија А, но сезоната 1989/90 уште го „боли“.

„Скандалите со судењето против Милан, Интер и Верона беа неверојатни и секогаш имаше ‘услуги’ кон Наполи. Мечот кој им беше доделен во Бергамо против Аталанта за глумењето на Алемао беше нешто најапсурдно. Наполи ја освоија титулата во канцеларија“, објаснува Холанѓанецот.

Пред тој меч во април 1990 година, Милан имаа еден поен предност пред Наполи и двата тима одиграа 0:0 во своите мечеви (Милан против Болоња). На 15 минути пред крајот во Бергамо, фудбалерот од средниот ред на Наполи, Алемао го удрија со паричка од трибините и тој наводно не можеше да продолжи. Според правилата во Италија, ако некој фудбалер си замине од теренот поради насилен акт на фановите, тимот добива 2:0 службена победа.

Share
Scroll to Top