Фудбалерите на Аталанта ја победија Венеција со 3:1 во последниот натпревар од шестото коло на италијанската Серија А. Натпреварот го одбележа Никола Крстовиќ.
Црногорскиот репрезентативец дефинитивно беше играч на натпреварот со два гола и една асистенција. Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, забележа асистенција, но и не го заврши натпреварот, бидејќи доби црвен картон во 89-та минута.
Се играше во четвртата минута кога Крстовиќ ја испрати топката во шеснаесетникот, директно до Франк Кеси, кој забележа дека голманот Филип Станковиќ е излезен далеку од голот и шутираше во празниот гол за 1:0.
Само две минути подоцна, поранешниот напаѓач на Црвена Звезда постигна гол, по центаршутот на Елмас, беше највисок во скокот.
Крстовиќ повторно блесна во 30-та минута, кога одбиената топка ја смести во голот.
Седум минути подоцна, Антоан Ено натрча на центаршут и со глава упати удар во левиот агол од голот за конечни 3:1.
Во претпоследната минута од натпреварот, по интервенцијата од ВАР собата, поради груб старт, Елмас беше исклучен. Ова значи дека тој ќе го пропушти гостувањето кај Милан на 18 октомври.
Eljif Elmas red card
pic.twitter.com/A4EMjuIf3L
— Goals Xtra (@GoalsXtra) October 12, 2026
Аталанта сега е десетта на табелата со девет бода, додека Венеција е на последното место и по шест кола е единствениот тим кој нема ниту еден бод.
Foto/ EPA






