(Видео) Интер запрен во Џенова, Кастељанос блесна во победата на Лацио

(Видео) Интер запрен во Џенова, Кастељанос блесна во победата на Лацио

пред 11 месеци

Фудбалерите на Лацио го победија Фросиноне со 3:1, додека Интер ремизираше со Џенова (1:1) во натпреварите од 18. коло во Серија А.

Интер ја испушти предноста на „Луиџи Ферарис“ во Џенова, откако Марко Арнаутовиќ погоди во 42. минута. Раду Драгушин израмни за домаќините во седмата минута од судиското надополнување во првото полувреме.

Романецот летово пристигна од Јувентус и со тоа им помогна на своите поранешни соиграчи во трката за скудетото. Интер има пет бода предност пред второпласираниот Јувентус и меч повеќе.

Во Рим четирите голови беа постигнати во вториот полувреме, откако мрежите мируваа во привот дел.

Фросиноне поведе во 57. минута со голот на одличниот Матијас Суле од пенал. Потоа на сцена стапи тати Кастељанос. Аргентнецот го режираше пресвртот на Лацио. Најпрвин изедначи, а потоа им асистираше на Исаксен и Патрик за конечни 3:1

Share
Scroll to Top