(Видео) Колумбус го елиминира Интер од плејофот

(Видео) Колумбус го елиминира Интер од плејофот

пред 4 часа

Фудбалерите на Интер Мајами доживеаја елиминација од плејофот на МСЛ лигата по вториот пораз против Колумбус, овој пат со 1:0 на гости.

Во првиот натпревар, Колумбус победи со 3:0 во Флорида и доби предност во дуелите (првото коло од плејофот се игра на два добиени натпревари) и веќе тогаш широко ги отвори вратите кон следната рунда од плејофот.

Затоа, на Интер му беше потребна каква било победа за да остане во игра, но Меси и неговиот тим го завршија вториот натпревар неславно, претрпувајќи уште поболен пораз, во судиското продолжение.

Уругваецот Сантијаго Родригез беше херој на домашниот тим една минута пред крајот на регуларното време.

Во втората минута од судиското продолжение, тој прими нафрлена топка во шеснаесетникот и со брза реакција ја затресе мрежата на голот на гостите, што предизвика делириум на трибините.

Интер нема да ја брани титулата освоена минатата сезона, а Меси оди на заслужен одмор.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top