(Видео) Конектикат ја одбрани титулата во НЦАА

(Видео) Конектикат ја одбрани титулата во НЦАА

пред 8 месеци

Кошаркарите на Конектикат ја одбранија титулата во НЦАА шампионатот. Во своето шесто финале, Конектикат ја освои шестата титула.

Во големото финале го победија Пердју со резултат 75:60 и со тоа станаа првата екипа од 2007 година (шести вкупно) која го подигнала трофејот во две последователни сезони. Претходно тоа им успеа на Флорида Гејторс.

Конектикат го предводеше Тристен Њутн со 20 поени, седум асистенции и пет скока, Стефон Касл додаде 15 поени, а Донован Килинген и Кам Спенсер по 11 поени.

Во тимот на Пердју најдобар беше Зек Иди со 37 поени (15/25 од поле) и 10 скока, што беше негов 30. дабл-дабл сезонава. Сепак, Канѓанецот не доби поддршка од соиграчите, двоцифрен кај Пердју беше уште само Брејден Смит со 12 поени.

Пурдју, се држеше во првото полувреме, но во продолжението Конектикат успеа да се одлепи и во финалето го направија тоа што го правеа во текот на целото „Мартовско лудило“, победија со двоцифрена разлика. Исто така, гледајќи го претходниот НЦАА турнир, ова беше 12. последователен натпревар што го добија со 10 или повеќе поени разлика.

Тренерот на Конектикат, Ден Харли, му се придружи на својот брат Боби, кој исто така е двократен шампион. Како играч во раните 1990-ти со Дјук освои две титули.

Share
Scroll to Top