Во рамките на 24. коло Ливероул победи со убедливи 3:1 против Барнли, претпоследниот тим во англиската Премиер лига. Со оваа победа тие се вратија на врвот на табелата пред Манчестер Сити, кој сега има два бода помалку и одигран натпревар помалку. Претходно денеска Сити го победи Евертон со 2:0.
Иако на крајот домаќините рутински славеа, Барнли одлично се држеше и на полувремето замина со резултат 1:1. Ливерпул поведе со голот на Диого Жота во во 31. минута од натпреварот по корнер и лошата реакција на голманот на гостите Џејмс Трафорд. Израмнувачкиот гол на Барнли го донесе ирскиот стопер Дара О’Ши, кој исто така погоди со глава во 45. минута.
Домаќините повторно дојдоа во водство во 52. минута кога Луис Дијаз од непосредна близина ја заврши акцијата на Харви Елиот. Конечниот резултат на натпреварот го постави во 79. минута Дарвин Нуњез. Уругваецот од почетокот на годината на девет натпревари има учинок од четири гола и четири асистенции.
Резултати:
Фулам – Бурнмут 3:1 (2:0)
(Де Кордова Рид 5, Муниз 36, 52 – Сенези 50)
Лутон – Шефилд Јунајтед 1:3 (0:2)
(Морис 52 – Арчер 30, Мекати 36, Вини Соуза 72)
Вулверхемптон – Брентфорд 0:2 (0:1)
(Норгард 36, Тони 77)