(Видео) Ливерпул го растури Вест Хем

(Видео) Ливерпул го растури Вест Хем

пред 9 месеци

Ливерпул го декласира Вест Хем со 5:1 и се пласираше во полуфиналето на Лига купот. Ден претходно место меѓу најдобрите четири екипи во ова натпреварување изборија Челси, Фулам и Мидлсброу.

Ливерпул од првата до последната минута доминираше против индиспонираните гости, кои првиот удар кон голот на „црвените“ го упатија во 71.минута.

Катастрофата на Вест Хем ја најави „ракетата“ на Собослај во 30.минута. Во вториот дел предноста ја зголеми Куртис Џонс во 56.минута. Следваше голот на Коди Гакпо, а одговорот на Вест Хем преку Џерад Боувен за 3:1.

Ливерпул финишираше со головите на Салах во 82. и Џонс во 84.минута.



Share
Scroll to Top