Играч на Лајпциг пред трансфер во Ливерпул

Играч на Лајпциг пред трансфер во Ливерпул

пред 3 години

Фудбалскиот клуб Ливерпул се наоѓа во завршната фаза од преговорите со Лајпциг, околу трансферот на Ибрахим Конате (21), тврди „Атлетик“.

Проблемите со повредените фудбалери во последната линија на тимот, го оставија Ливерпул оваа сезона без шанси да ја одбрани шампионската титула.

Поради повредите на Вирџил Ван Дајк, Џо Гомез и Жоел Матип, во јануарскиот преоден рок на „Енфилд“ од Шалке пристигна Озан Кабак, но се уште не е познато дали „црвените“ ќе го откупат неговиот договор.

Од друга страна Јирген Клоп гледа во иднината и сака да донесе млад и квалитетен дефанзивец. Изборот е Конате кој игра одлична сезона.

„Атлетик“, пишува дека неколку клубови се заинтересирани за 21-годишникот, но дека најголеми шанси има Ливерпул.

Според овој извор, Ливерпул, ќе ја активира откупната клаузула која во договорот на Конета се Лајпциг изнесува 40 милиони евра.

Share
Scroll to Top