(Видео) Лудило во Аргентина, Рикелме меѓу полицијата и ултрасите на Бока

(Видео) Лудило во Аргентина, Рикелме меѓу полицијата и ултрасите на Бока

пред 2 месеци

Во натпреварот од Купот на Аргентина, на „Бомбоњера“ гостуваше Гимнасија Ла Плата, а Бока Јуниорс во пенал рулетото избори пласман во следната фаза.

Верувале или не, гостите промашија дури четири пенали во пенал рулетот, но и тоа не го одбележа овој натпревар.

Имено, претседателот на Бока, поранешен играч, легендарниот Хуан Роман Рикелме ден по натпреварот е централна тема во аргентинските медиуми.

Во еден момент се случи инцидент на трибините, полицијата тргна на ултрасите на Бока, а потоа на патот им се испречи Рикелме.

Од ложата тој експресно дојде на трибината за да ја смири ситуацијата.

Share
Scroll to Top