(Видео) Лудница во дерби „Мадрилењо“ – Кореа во 95.минута не дозволи Реал да слави над Атлетико

(Видео) Лудница во дерби „Мадрилењо“ – Кореа во 95.минута не дозволи Реал да слави над Атлетико

пред 4 часа

Фудбалерите на Атлетико и Реал одиграа 1:1 во градското дерби во во осмото коло од шпанската Ла Лига.

Ниту еден од тимовите не го искористи на најдобар можен начин вчерашниот пораз на Барселона од Осасуна.

Актуелниот шампион сега е на втората позиција со 18 бодови, три помалку од Барса, додека Атлетико е трет со 16 бодови на своето конто.

Вечерва во „мадрилењо“ имаше бууквално се. Натпреварот се играше во високо темпо, Реал беше за нијанса поконкретен, но играчите на Карло Анчелоти сите добри шанси ги имаа кога шутираа надвор од шеснаесетникот. Атлетико добра шанса имаше во раната фаза од натпреварот, кога ударот на Алварез го одбрани Куртоа, а потоа во последните десетна минути домаќинот креираше неколку опасни акции.

Дербито за малку ќе го решеше Едер Милитао во 64. минута, со гол кој пристигна по акција од сомнително досуден слободен удар. Пет минути по постигнатиот гол судијата ги испрати играчите во соблекувалната.

Домашните навивачи паднаа на малата провокација од голмаот Куртоа (во кариерата има одиграно 111 натпревари за Атлетико). Тие фрлаа со запалки кон голманот на Реал.

Делириум на „Сивитас Метрополитано“ предизвика голот на Анхел Кореа во 95.минута. Голот најпрвин беше поништен, но од ВАР собата потврдија дека Аргентинецот не бил во офсајд.

Кореа како и Милитао го постигна својот прв гол во градските пресметки. Интересно, ова е негов 55. гол во дресот на Атлетико, а кога тој бил стрелец „јорганџиите“ никога не загубиле натпревар.

На крајот во последниот напад на Реал црвен картон доби Маркос Љоренте поради грб старт врз Фран Гарсија.

Share
Scroll to Top