Ајакс имаа големи планови со Броби – Броби бесплатно замина во Лајпциг

Ајакс имаа големи планови со Броби – Броби бесплатно замина во Лајпциг

пред 3 години

Фудбалерот на Ајакс, талнетираниот Брајан Броби, кариерата ќе ја продолжи во Лајпциг. Броби со Лајпциг потпишал четири годишен договор, а Ајакс од неговиот трансфер нема ништо да заработи.

Заминувањето на Броби е голем удар за Ајкас. Во трофејниот клуб имаа големи планови за овој 19-годишен напаѓач, кој сезонава и дебитираше за првиот тим. Досега има одиграно 11 натпревари, на кои постигнал четири гола.

Ајакс му се лути на познатиот менаџер, Мино Рајола, кој посредувал во трансферот на Броби во Лајпциг.

Со трансферот на Броби „биковите“, продолжија со праксата да ангажираат млади играчи, кои во клубот целосно се афирмираат, а потоа за големи пари си одат во други клубови.

Share
Scroll to Top