Флорентино Перез јасен: Каква врска имам јас со заминувањето на Меси?

Флорентино Перез јасен: Каква врска имам јас со заминувањето на Меси?

пред 3 години

По обвинувањата на Жауме Љопис, поранешниот член на комисијата на Барселона, кој изјави дека Флорентино Перез го убедил претседателот на Барса, Жоан Лапорта да се откаже од надежта да го заддржи Лео Меси во Каталонија, Перез вели дека се работи за обични глупости.

Љопис тврдеше дека Лапорта ја нема вистинската моќ во Барса и дека таа е кај новиот генерален директор Феран Ревертер, кој наводно е долгогодишен пријател на Перез.

„Невоможно, немав никакво влијание на заминувањето на Меси од Барселона. Тоа е обична лага. Не сум пријател со директорот Ревертер, двапати го имам сретнато во живот“, изјави Перез.

Пак Реал крив? Флорентино Перез го натерал Лапорта да се откаже од Меси?

Share
Scroll to Top