Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го продолжи гол-шоуто на терените во Шкотска. Миовски со два гола го однесе Абердин во четвртфиналето на Купот.
Миовски, изминатата недела им даде по еден гол на шкотските великани Селтик и Глазгов Ренџерс, а попладнево постигна два против Бонириг Роус.
Моивски головите ги постигна во 17. и 25.минута.