Повеќекратните светски шампиони, Германија и Бразил доживеаја неочекувани мечеви во последните пријателски мечеви пред летната пауза – Колумбија стигна до импресивна 2:0 победа над тимот на Ханси Флик, додека Бразилците во интересен меч беа поразени со 4:2 од Сенегал.
Ѕвездата на Ливерпул, Луис Дијаз ги донесе Колумбијците во водство во 54. минута, за победата да ја потврди Хуан Квадрадо од пенал во 84. минута.
На „Жозе Алваладе“ во Лисабон пак, Бразилците први дојдоа во водство преку Лукас Пакуета по 11. минути игра, но Сенегалците одговорија преку Хабиб Дијало во 22. минута. По ова во второто полувреме следуваше шок за „селесао“ – Маркињос си постигна автогол во 52. минута, за само три минути подоцна Садио Мане да зголеми на 1:3. До крајот на мечот, Бразил успеа само да намали на 2:3 во 58. минута, пред во 97. минута Мане да постигне уште еден гол од пенал за голема победа.
Luis Diaz just hit the griddy on Germany 😭
What a golazo from Colombia! 🔥
— Parceros United (@ParcerosUnited) June 20, 2023
🚨🚨| GOAL: Cuadrado scores the penalty!
Colombia 2-0 Germany
— CentreGoals. (@centregoals) June 20, 2023