(Видео) Нестварен трипл-дабл на Вембањама, Јанис подобар од Јокиќ, Дончиќ го победи Вашингтон

(Видео) Нестварен трипл-дабл на Вембањама, Јанис подобар од Јокиќ, Дончиќ го победи Вашингтон

пред 5 месеци

Дебитантот Виктор Вембањама ја обележа изминатата ноќ во НБА лигата. Францускиот вундеркинд забележа трип-дабл со блокади во поразот на Сан Антонио во Торонто. Балканските ѕвезди Никола Јокиќ и Богдан Богдановиќ доживеаја порази, додека Лука Дончиќ го предводеше Далас до нова победа.

Торонто го победи Сан Антонио со 122:99. Вембањама го забележа првиот трипл-дабл во кариерата. Натпреварот го заврши со 27 поени, 14 скокови и 10 блокади. Тој е првиот руки со ваков трипл-дабл по Дејвид Робинсон во 1990 година.

Милвоки на домашен терен го победи Денвер со 112:95. Јанис Адетокумбо имаше 36 поени (14-19 од поле), 18 скока и пет асистенции. Демијан Лилард постигна 18 поени.

Нагетс го загубија вториот последователен меч, а Јокиќ забележа 29 поени (13-25 од поле), 12 скока, осум асистенции, но и пет загубени топки. Џамал Мареј одигра само 18 минути поради болки во потколеницата, а Гордон постигна 14 поени.

Лука Дончиќ го оствари својот десетти трипл-дабл сезонава, 26 поени (8-16 од поле), 11 скока и 15 асистенции, во победата на Далас над Вашингтон од 112:104. Кајри Ирвинг даде 26 поени (10-19 од поле), а Даниел Гафорд имаше 16 поени, 17 скока и пет блокади.

Во поразот на Атланта од Чикаго со 136:126, Богдановиќ постигна 28 поени (3-6 за два, 6-10 за три), 2 скока и 4 асистенции.

Кај биковите се истакнаа Демар Дерозан и Ајо Досунма со по 29 поени, додека Никола Вучевиќ додаде 24 поени.

Share
Scroll to Top