(Видео) Нова катастрофа на Јунајтед, Борнмут со победа си замина од Манчестер

(Видео) Нова катастрофа на Јунајтед, Борнмут со победа си замина од Манчестер

пред 2 часа

Фудбалерите на Борнмут убедливо го надиграа и го победија Манчестер Јунајтед на гостински терен со 3:0 (2:0) во 8. коло од англиската Премиер лига.

Популарниот „Tеатар на соништата“ се полека станува кошмарно место за фановите на „црвените ѓаволи“.

„Црешите“, трета година по ред непоразени си одат од Манчестер. Поведоа со голот на Рајан во 38. минута по асистенција од Џастин Клајверт.

Само пет минути подоцна, Таверние го дуплираше водството на гостите и означи уште еден колапс на тимот на Мајкл Карик.

Конечниот резултат го постави Еванилсон со гол во 71. минута.

„Ѓаволите“ паднаа на 16-то место со седум освоени бода, додека Борнмут сега е на 13-та позиција со два повеќе.

Во исто време, Ливерпул беше многу поуспешен дома, совладувајќи го Брајтон со резултат од 2:0 (2:0).

Избраниците на Ираола ги постигнаа двата гола во првото полувреме, поточно, во рок од пет минути, од 17-та до 21-та минута.

Прво, Паскал Грос си постигна автогол, а потоа Александар Исак ја потврди победата. Во второто полувреме, Ливерпул свесно, но целосно се повлече, што Брајтон не успеа да го искористи и да постигне ниту утешен гол.

Ливерпул скокна на четвртото место на табелата со 15 бода, еден помалку од денешниот ривал.

Њукасл забележа победа од 2:0 на гости против Кристал Палас, со головите на Осула во 47-та минута и Барнс во 58-та минута.

Единствениот нерешен резултат го одиграа Хал и Брентфорд со резултат од 1:1. Домашниот тим поведе преку Мекберни во 24-та минута, но гостите израмнија во 63-тата минута преку Уатара.

Share
Scroll to Top