На две кола пред крајот, борбата за опстанок во Бундеслигата останува неизвесна

На две кола пред крајот, борбата за опстанок во Бундеслигата останува неизвесна

пред 3 години

По трите денешни мече од 32. коло во Бундеслигата, уште ништо не е јасно околу тоа кои клубови ќе испаднат од елитата, откако Келн загуби дома од Фрајбург, Мајнц одигра 1:1 со Ајнтрахт, додека во меч кој директно одлучуваше, Херта и Арминија одиграа 0:0.

Сега, ниту Мајнц на 12. место не се сигурни со 36 поени, Аугзбург се 13. со 33, по што следуваат три тима со 31 поен (Херта, Вердер и Арминија), иако клубот од Берлин има натпревар помалку, а шанса има и претпоследниот Келн со 29 поени. Само Шалке е „отпишан“ на последното место.

БУНДЕСЛИГА, 32.КОЛО

Келн – Фрајбург 1:4

Ајнтрахт Франкфурт – Мајнц 1:1

Херта – Арминија Билефелд 0:0

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top