(ВИДЕО) По драмата Англија се пласира во четвртфиналето

(ВИДЕО) По драмата Англија се пласира во четвртфиналето

пред 5 месеци

Фудбалот понекогаш е суров и неправеден.

Во ова беа убедени репрезентативците на Словачка, кои беа на само една минута до победата над Англија. Но, Англија не би била тоа што е доколку не го покаже своето вистинско фудбалско лице.

Фудбалерите на Англија ја победија Словачка во Гелзенкирхен со резултат 2:1 во осминафиналето на Европското првенство во Германија.

Избраниците на Герет Саутгејт победија по пресврт, со головите на Белингем во петтата минута од судиското надополнување и потоа на Хари Кејн во првата минута од судиското продолжение.

Англија се пласираше во четврт-финалето каде ќе игра против Швајцарија.

Словачка поведе со голот на Иван Шранц во 25. минута и водеше до судиското надополнување. Но, во четвртата минута од дополнителното време израмни Џуд Белингем со ножички, а во првата минута од продолжението Хари Кејн погоди за голем пресврт.

Повеќе од 90 минути Англија не играше во свој стил, па кога сите се откажаа се врати на голема „врата“.

Избраниците на Герет Саутгејт одиграа бавно, безидејно и со пристап што ги изненади и самите Словаци, кои веројатно очекуваа големиот фаворит да притисне уште од првата минута.

И веќе во 5. минута Словаците имаа одлична шанса. Хараслин одлично го проигра Ханк, но упати нешто помеѓу удар и центаршут до далечната статива и го промаши голот.



Share
Scroll to Top