„Бомба“ на Траоре во 93. минута – Фулам поблиску до втора лига

„Бомба“ на Траоре во 93. минута – Фулам поблиску до втора лига

пред 3 години

Фулам пропушти уште една шанса да се доближи до Њукасл и да си ги зголеми шансите за опстанок во Премиер лигата, откако прими гол во судиското продолжение за 0:1 пораз од Вулверхемптон,

И покрај императивот на победа, Вулфс беа поактивни во играта, а дури и постигнаа гол во првото полувреме преку Вилијан Жозе, кој беше поништен поради офсајд. АдамаТраоре во 93. минута од мечот ги уништи надежите на домаќините.

Со овој резултат, тимот на Скот Паркер останува во опасната зона, на 18. место со 26 поени, само два зад Њукасл, но со 32 одиграни меча во споредба со 30 на Њукасл. Вулверхемптон, пак, ја прекина низата од шест меча без победа, и сега се на 12. место со 38 поени.

Share
Scroll to Top