(Видео) „Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот“

(Видео) „Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот“

пред 3 часа

Текстот објавен во германскиот весник „Велт“, кој остро го критикува Реал Мадрид, стана вирален низ цела Европа и предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Авторот на текстот, Свен Флор, без двоумење го нападна клубот од Мадрид по елиминацијата од Лигата на шампионите од Баерн Минхен, особено истакнувајќи го начинот на кој фудбалерите реагираа на поразот.

Флор тврди дека Реал Мадрид со години губи достоинство и почит, со острата изјава дека „предадоа дел од ДНК-та на клубот“.

Тој особено ја критикуваше практиката, за неуспесите да бидат обвинети судиите.

„Реал Мадрид беше елиминиран во Минхен и, како што често се случува, го обвинуваат судијата. Што друго можеме да очекуваме? Предавствата се дел од ДНК-та на клуб кој со години губи почит и достоинство“, рече Флор.

Германскиот новинар се осврна и на еден специфичен детаљ од натпреварот – исклучувањето на Едуардо Камавинга на крајот од натпреварот, по вториот жолт картон.

Според него, одлуката на судијата Славко Винчиќ била сосема исправна.

Како што се наведува, Камавинга ја зел топката со рака по слободниот удар и ја однел неколку метри подалеку, со што го спречил противникот да изведе брза акција, што, според правилата, очигледно заслужува јавна опомена.

„Можеби изгледа како мала работа што судијата ги почитувал правилата, но не направил грешка. Гневот на Шпанците треба да биде насочен кон Камавинга“, истакнува Флор.

Авторот на текстот дополнително го заострува тонот, тврдејќи дека неспортското однесување, притисокот врз судиите и „предавствата“ одамна се дел од идентитетот на „кралскиот клуб“.

Исто така, потсетува на претходните контроверзии, како што е бојкотот на „Златната топка“, за најдобар играч во светот, кога Винисиус Жуниор не беше избран за победник, како и протестните писма испратени до федерацијата и спортските институции, во кои клубот тврдеше дека бил систематски оштетен.

Реал Мадрид загуби од Баерн во четвртфиналниот двомеч со вкупен резултат од 7:5 (2:1 во првиот и 4:3 во реваншот), но реакцијата на клубот по елиминацијата предизвика поголемо внимание од самиот натпревар.

Флор заклучува дека проблемот е многу подлабок од еден пораз.

„Лесно е да се победи, но поразите се нешто што малкумина можат да го поднесат. Реал Мадрид очигледно не е меѓу нив“, заклучува Флор.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top