Рускиот тенисер Андреј Рубљов е дисквалификуван во полуфиналниот натпревар на АТП турнирот во Дубаи.
Ривал на петтиот светски тенисер беше Александар Бублик, кој беше на гем од победа (6:7, 7:6, 6:5), пред мечот да биде прекинат.
Во решавачкиот сет Рубљов имаше брејк предност до осмиот гем, кога Казахстанецот го врати брејкот и успеа да остане во мечот.
Амплитудите на Рубљов во однесувањето се добро познати, најчесто гневот го истура врз себе, но овој пат бесот реши да го истури врз линискиот судија.
Незадоволен од една негова одлука, тој се внесе во лицето на судијата додека во исто време се тресеше пд нервоза. Вториот линиски, кој зборува руски, можеше да слушне што зборува Рубљов и веднаш сигнализираше дека рускиот тенисер го пцуе судијата.
Рубљов се бранеше дека зборувал на англиски, а не на руски и дека не навредувал никого, што главниот судија не го прифати. Русинот ќе ги загуби сите бодови и пари што ги освои на Емирати. Воедно, како резултат на тоа ќе испадне од Топ 5 на АТП листата.
За петтата титула во кариерата Бублик ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Иго Амбер и Данил Медведев.
Турнирот во Дубаи се игра за награден фонд од 2.941.785 долари.
Andrey Rublev is defaulted from the Dubai semi-final, sending Alexander Bublik through to the #DDFTennis final pic.twitter.com/tclfcXxDYY
— Tennis TV (@TennisTV) March 1, 2024