Пропадна трејдот на Богдановиќ во Милвоки

Пропадна трејдот на Богдановиќ во Милвоки

пред 3 години

Богдан Богдановиќ нема да биде трејдуван во Милвоки Бакс, тврдат новинарите Адријан Војнаровски и Сем Амик.

Пред два дена беше соопштено дека Богдановиќ најпрвин ќе потпише нов договор со Сакраменто Кингс, а потоа ќе биде испратен во Милвоки Бакс. Сакраменто за Богдановиќ би ги добиле Донте Дивиченцо, Ди-Џеј Вилсон и Ерсан Иљасова.

Екипите оваа размена ја договориле пред официјалниот почеток на преодниот рок, што е забрането според НБА правилата. Преодниот рок за „слободни агенти“ започнува на 20.ноември.

НБА се чувствителни на ваквото кршење на правилата, поради што веднаш се појавија информации дека Богдановиќ никогаш не сакал да се пресели во Милвоки, односно дека тимовите не постигнале договор.

Богдановиќ решил да влезе во преодниот рок како „ограничено слободен играч“.

Според најновите информации и да замине од Сакраменто, наредната дестинација на Богдановиќ нема да бидат Милвоки Бакс.

Share
Scroll to Top