Во последниот натпревар од 30.коло на Ла Лига, Атлетико на гостински терен го совлада Виљареал со 2:1. „Јорганџиите“ ја прекинаа серијата на Виљареал од девет натпревари без пораз.
Атлетико со оваа победа излезе од мини кризата, во која имаше два порази од Кадиз и Барселона.
Играчите на Атлетико инсиприрано влегоа во натпреварот, во првите 18 минути имаа четири одлични шанси, а само Витсел постигна гол во деветтата минута.
Виљареал во првото полувреме целосно беше инфериорен, само Џерард Морено се закани кон голот на Облак, но неговиот удар заврши високо над голот.
Сепак домаќините изедначија во 50.минута. Гризман загуби топка во опасната зона, Парехо го проигра Серлот кој од 16 метри упати неодбранлив удар.
Се обидоа играчите на Виљареал да направат целосен пресврт, а откако не успеаја по 75.минута целосно падна темпото на натпреварот. Атлетико подобро ја контролираше топката. Мората два пати се обиде, но Јоргесен ги одбрани тие удари.
Моментот на одлука се слули во 88.минута, кога по една долга акција пред голот на Вињареал, топката дојде до Саул, кој четири минути претходно влезе на теренот, а тој со прецизен удар го совлада Јоргесен.
Голот за победа е прв за Саул оваа сезона и прв за искусниот фудбалер уште од мај минатата година.