(Видео) Случаен гол на Левандовски – Барселона со играч повеќе го победи Атлетико

(Видео) Случаен гол на Левандовски – Барселона со играч повеќе го победи Атлетико

пред 12 часа

Фудбалерите на Барселона го победија Атлетико во Мадрид со 2:1 во 30-то коло од Ла Лига.

Атлетико со комбиниран тим и со играч помалку падна дури во 87-та минута, со случаен гол на Левандовски и со мала помош на судијата Фереро Бускетс и неговите колеги од ВАР собата.

Атлетико играше без Хулијан Алварез, Лукман, Њоренте, Кардосо, Бариос…

Интересно беше првото полувреме на „Метрополитано“, имаше шанси, но немаше подобра реализација. Гризман промаши две големи шанси, додека Јамал од другата страна ја затресе стативата…

Атлетико поведе по одличната топка од Ленгле, Џулијано Симеоне и избега на одбраната на Барса и го совлада Гарсија.

Сепак, гостите израмнија многу брзо. Рашфорд ја искористи предноста на додавањето на Олм и ја затресе мрежата.

Можеби клучниот момент се случи во судиското продолжение на првото полувреме. Нико Гонзалез го собори Јамал пред шеснаесетникот и заработи, по прегледувањето на ВАР видеото, директен црвен картон.

Силите можеа да бидат израмнети уште на почетокот на второто полувреме, кога Мартин заработи исклучување поради груб и опасен старт, но судијата ја смени својата одлука по сугестија од ВАР собата.

Барселона го постигна решавачкиот гол во 87-та минута. Кансело го „скрши“ Алмада, Мусо го одбрани неговиот удар, но топката го погоди рамото на Левандовски кој ни крив ни должен постигна гол.

Барселона, по овој триумф има седум поени повеќе од Реал.

Share
Scroll to Top