(Видео) Трипл-дабл пресметка меѓу Дончиќ и Јокиќ – Лејкерси го победија Денвер

(Видео) Трипл-дабл пресметка меѓу Дончиќ и Јокиќ – Лејкерси го победија Денвер

пред 4 часа

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ги победија Денвер Нагетс по едно продолжение со 127:125, во возбудлив натпревар од НБА лигата.

Херој беше Лука Дончиќ, кој погоди од „степ бек“ на помалку од една секунда до крајот.

Од друга страна, на Нагетс не им помогна одличниот Никола Јокиќ, кој оствари нов трипл-дабл – 24 поени, 16 скока, 14 асистенции, пет украдени топки и една блокада.

Шутираше 10/19 од поле, 2/6 за тројки, 2/2 на пенали. Беше многу скромен на крајот, бидејќи постигна само два поени во последната четвртина и дополнителните пет минути.

Дончиќ го заврши натпреварот со 30 поени, 13 асистенции, 11 скока, три блокади и една украдена топка.

Интересно е што Јокиќ и Дончиќ не беа најефикасни во своите редови. Ривс ги предводеше Лејкерси со 32 поени, седум скока и шест асистенции, додека Гордон имаше 27 поени, пет скока и две асистенции кај Денвер.

Лејкерси сега имаат скор од 42-25, додека Нагетсите имаат скор од 41 победа и 27 порази.

Share
Scroll to Top