(Видео) Хаос во Будимпешта

(Видео) Хаос во Будимпешта

пред 2 часа

Украина однесе три важни бода од Будимпешта, но крајот на натпреварот против Унгарија беше засенет од голем инцидент на теренот.

Сè се случи во судиското надополнување на времето, кога Александар Назаренко доби втор жолт картон за груб прекршок и мораше порано да оди во соблекувалната. Неговото исклучување беше причина за неколкуминутна целосна нервоза меѓу фудбалерите на двете репрезентации.

Најпрвин имаше вербален дуел помеѓу Доминик Собослај и Виктор Циганков. Унгарскиот капитен се најде во расправија со украинскиот репрезентативец, а ситуацијата дополнително ескалираше кога се приближи Милош Керкез.

Недолго потоа, Николај Матвиенко влезе во мешаницата. Неколку играчи почнаа да се туркаат и провоцираат, додека судијата Џаред Џилет се обидуваше да ги раздели играчите.

Епологот беше поделбата на картони. Собослај, Керкез, Циганков и Матвиенко добија јавни опомени. Тоа не беше крај на непријатните сцени. Додека играчите се уште се расправаа на теренот, од трибините на Пушкаш Арената кон теренот почнаа да летаат предмети, што дополнително ја искомплицира ситуацијата.

На крајот, судискиот тим успеа да ги смири страстите и играта продолжи, а Украина ја зачува предноста стекната во првото полувреме.

Единствениот гол го постигна Данило Сикан во 42-та минута. Напаѓачот на Украина го искористи центаршутот на Георги Судаков и ја испрати топката со глава во мрежата.

Унгарија ја презеде иницијативата по паузата. Домашната екипа имаше 57 проценти од поседот на топката и дури 17 обиди за гол, но не успеа да го реализира притисокот.

Share
Scroll to Top