(Видео) Шоу на Вембањама, Едвардс и Халибартон

(Видео) Шоу на Вембањама, Едвардс и Халибартон

пред 9 месеци

Неколку изворедни индивудуални партии, изминатата ноќ во НБА лигата, останаа во сенка на брилијантниот Никола Јокиќ.

Сан Антонио Спарс славеа победа во дуелот со Портланд 118:105. Во Орегон блескаше Виктор Вембањама со 30 поени, по шест скока и асистенции и седум блокади.

Французинот со тоа стана вториот дебитант во историјата на најсилната лига со 30+ поени, 5+ скокови и асистенции и 7+ блокади, по Дејвид Робинсон.

Нешто слично направи и поранешниот центар на Сан Антонио во далечната 1990 година.

Феноменален натпревар претходната вечер, најдобар сезонава, одигра Ентони Едвардс, кој постигна 44 поени во новиот триумф на лидерот на Западот Минесота.

Тимбервулвс триумфираа во дуелот со Далас Маверикс (118:100).

Едвардс беше незапирлив против Далас кој немаше шанси беа Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг.

Минесота ја забележа 13. победа во 14. натпревар сезонава на домашен терен.

Кошаркарите на Индијана Пејсерс победија во Чикаго, против Булс со 120: 104.

Тајрис Халибартон натпреварот го заврши со 21 поен и дури 20 асистенции.

Share
Scroll to Top