Њујорк Никс се пласираа во финалето на НБА за прв пат од 1999 година, откако ги победија Кливленд Кавалирс со 130:93 и ја добија серијата со 4-0 во финалето на Источната конференција.
Карл-Ентони Таунс постигна 19 поени и 14 скока, Оу-Џи Ануноби додаде 17 поени, Лендри Шамет имаше 16 поени од клупата, а Микал Бриџис и Џејлен Брансон додадоа по 15 за Никс, кои станаа четвртиот тим во историјата со серија од 11 победи во плејофот.
Последниот тим со вакво остварување беа Голден Стејт во 2017 година, кога стигнаа до својата втора титула во три сезони со 15 последователни победи.
Сите победи на Никси во овогодинешниот плејоф беа постигнати со двоцифрена разлика, со просечна разлика од дури 23,7 поени.
Тренерот на Њујорк, Мајк Браун, ги извади стартерите на 7:47 минути до крајот на натпреварот, при водство од 35 поени.
Њујорк ќе игра против актуелниот шампион Оклахома Сити Тандер или Сан Антонио Спарс во финалето.
Финалето на Западната конференција моментално е изедначено 2-2, а натпреварот 5 е закажан за вторник во Оклахома.
Тандерс или Спарс ќе имаат предност на домашниот терен во големото финале поради подобриот настап во регуларниот дел од сезоната.
Ова ќе биде трето НБА финале за Никси од последната титула освоена во 1973 година. Тие загубија од Хјустон во 1994 година во седум натпревари, и од Сан Антонио во 1999 година во пет натпревари.
Мајк Браун стана 15-тиот тренер од спојувањето на НБА и АБА лигата во 1976 година кој стигна до финалето на НБА во својата прва сезона со тимот.
Ова ќе биде второ НБА финале на Браун во неговата тренерска кариера, откако претходно стигна до него со Кливленд во 2007 година.
Џејлен Бренсон беше прогласен за MВп на серијата откако имаше просек од 25,5 поени и 7,8 асистенции.
Foto/ EPA






