Возбудливо реми меѓу Евертон и Тотенхем – резултат кој не одговара никому

Возбудливо реми меѓу Евертон и Тотенхем – резултат кој не одговара никому

пред 4 години

Хери Кејн даде два гола, исто толку уфрли и Гилфи Сигурдсон, а Евертон и Тотенхем повторно одиграа возбудлив меч, од кој епилогот е 2:2 реми, кое драстично ги намалува шансите на двата клуба да направат подвиг и да влезат во топ 4, односно во Лигата на шампионите.

Кејн во 27. минута го донесе тимот на Жозе Мурињо во водство, но Евертон израмни во 31. минута од пенал преку Сигурдсон. Потоа, Евертон дојде во водство преку Сигурдсон во 62. минута, за седум минути подоцна, Кејн да израмни на 2:2.

Со поенот, Тотенхем останува на седмото место со 50 поени, Евертон е осми со 49 поени, со таа разлика што Тотенхем има 32 одиграни натпревари, а Евертон 31. Во моментов, Лестер се трети со 56, Вест хем се на четвртата позиција со 55 поени, петти се Челси со 54, а шести Ливерпул со 53. Сите овие клубови имаат по 31 натпревар, односно имаат уште седум меча до крајот на сезоната, освен Тотенхем кој треба да одигра шест.

Share
Scroll to Top