Во Денвер уапсен братот на Никола Јокиќ

Во Денвер уапсен братот на Никола Јокиќ

пред 5 месеци

Страхиња Јокиќ, братот на Никола Јокиќ, е уапсен и обвинет за напад на натпревар на Денвер Нагетс. Страхиња Јокиќ беше обвинет за напад од трет степен и прекршок и се појави во Окружниот суд во Денвер во вторникот, како што е соопштено од страна на. „Денвер Пост“.

Полицијата во Денвер првпат дознала за тепачката преку вирално видео на „Тик Ток“ на кое се гледаат „познати членови на семејството на играчот на Денвер Нагетс Никола Јокиќ како се расправаат со неидентификуван навивач на трибините“, се наведува во соопштението објавено по асењето на братот на Јокиќ.

На видеото се гледа „вербален конфликт“ меѓу навивачите и Страхиња и Немања Јокиќ пред еден од браќата да го удри навивачот во лицето, соопшти полицијата.

Еден детектив од Денвер го интервјуирал навивачот три дена по натпреварот на 22 април и забележал дека има исеченици и модринки околу и под левото око.

Мажот во полиција изјавил дека еден од браќата Јокиќ, „голем фраер“ го удрил со тупаница по лицето и дека нападот бил неиспровоциран. Полицијата подоцна го идентификувала Страхиња Јокиќ преку неговата тетоважа на вратот.

„На мажот подоцна му бил дијагностициран потрес на мозокот“, се вели во соопштението.

Најпрвин не сакал да го тужи Страхиња Јокиќ бидејќи се плашел од одмазда и се грижел за безбедноста на семејството, но на почетокот на мај се предомислил.

Кога полицијата стапила во контакт со него, Страхиња Јокиќ им рекол дека верува дека не направил ништо лошо бидејќи бранел постар човек кого долго време го познава.

Share
Scroll to Top