Грин се врати во Филаделфија

Грин се врати во Филаделфија

пред 8 месеци

Филаделфија Севентисиксерс објавија дека потпишале договор со Дени Грин.

Дени Грин е еден од само четворицата играчи (Роберт Ори, Џон Сали и Леброн Џејмс) во историјата на НБА кој освоил шампионски прстен со три различни тимови.

На нашата публика и е познат по тоа што во 2011 година го носеше дресот на Унион Олимпија од Љубљана, а подоцна направи одлична кариера во Сан Антонио Спарс.

Покрај за Спарс, тој играше и за Кливленд Кавалирс, Торонто Репторс, Филаделфија Севентисиксерс, Мемфис Гризлис и Лос Анџелес Лејкерс, а сега одлучи да се врати во Филаделфија.

Во кариерата има 830 натпревари, од кои 709 ги започна во стартната петорка, а во просек постигнува по 8,7 поени по натпревар.

Share
Scroll to Top