Во Манчестер Јунајтед секој може да биде капитен

Во Манчестер Јунајтед секој може да биде капитен

пред 4 години

Капитенската лента најчесто ја носат играчите кои имаат долг стаж во клубот и кои се почитувани од соиграчите. Менаџеот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, не се држи до оваа традиција.

Норвежанецот го промовраше Хари Мегваер во капитен, а вечерва против ПСЖ тимот ќе го предводи Бруно Фернандеш. Португалецот во јануари пристигна на „Олд Трафорд“, а по завршувањето на првенството од навивачите тој беше прогласен за најдобар играч во клубот.

Солскјер на прес конференцијата пред мечот со ПСЖ на новинарите, но и на Фернандеш, им соопштил Јунајтед ќе има нов капитен на „Паркот на принцовите“ во Париз.

„Ова не го очекував, сега дознав“, им се обратил Бруно Фернандеш на новинарите и дополнил.

„Да се биде капитен на Манчестер Јунајтед е голема чест. Мислам дека секој од нас е капитен. Секој треба да помогне и да биде лидер на свој начин. Против ПСЖ нема да биде важн Бруно, туку тимот“.

Англичаните се прашуваат зошто Солскјер го прескокнал Дави Де Хеа, кој има долг стаж или Маркус Рашфорд кој е дете на Јунајтед, но Солскјер очигледно поинаку размислува од другите.

 

Share
Scroll to Top