„Втор жолт за Мингеза, Ленгле направи пенал. Ќе мора да го проголтаме ова“

„Втор жолт за Мингеза, Ленгле направи пенал. Ќе мора да го проголтаме ова“

пред 4 години

Барселона, синоќа, во драматичен меч, преку Севилја успеа да избори пласман во финалето на Копа дел Реј. Каталонците, во 94.минута ја стигнаа предноста на Севилја од првиот меч (2:0), а пото аво 98.минута постигнаа гол кој ги однесе во финалето.

По мечот, од таборот на Севилја, имале поплаки на судењето. Тренерот Хулен Лопетеги набројал неколку ситуации, кои според него, го решиле победникот.

„Кога тренер јавно говори за судењето може да биде санкциониран, но…Мингеза направи пенал и не му беше покажан вториот жолт картон, изгледа дека и Ленгле направи пенал. Изгледа се ова ќе мораме да го проголтаме“, рекол Лопетеги.

Барселона во финалето ќе игра против победникот од натпреварот помеѓу Атлетик Билбао и Леванте.

Share
Scroll to Top