Гвардиола до Баерн: Да им се јавам на Меси и останатите, па да играме за седмиот трофеј

Гвардиола до Баерн: Да им се јавам на Меси и останатите, па да играме за седмиот трофеј

пред 4 години

Фудбалерите на Баерн Минхен, вчера го освоија шестиот трофеј за помалку од една година. Баварците со победата 1:0, над Тигрес, триумфираа на Светското клупско првенство. Претходно, само Барселона, под палката на Пеп Гвардиола, во 2009 година, успеа да освои шет трофеи.

Гвардиола, беше меѓу првите кои испратија честитки за успехот кој го постгна екипата на Ханси Флик.

Менаџерот на Манчестер сити, испрати интересна видео-порака.

„Големи честитки до семејството на Баерн за овој сјајен успех. Големи честитки за Флик и играчите. Горд сум на нивното постигнување. Но, би сакал на Ханси да му кажам дека Баерн е вториот тим што освоил шест трофеи во една година. Пред вас тоа успеа да го направи Барселона. Би можел да им се јавам на Меси и останатите, па да одиграме натпревар за седмиот трофеј. Вие кажете каде, ние ќе дојдеме“, рекол Гвардиола.

 

Share
Scroll to Top